Вашата сигурна дестинација за се што ви е потребно за вашиот дом и градежни проекти!

Агнеса е семејна компанија основана во 2000 година, која од локален бизнис со јасна визија прерасна во стабилен и препознатлив трговски и дистрибутивен систем во областа на градежни материјали, опрема за дом и професионални решенија во Македонија.


Нашите вредности
Нашето работење се темели на вредности кои го носат идентитетот на името АГНЕСА:
- Автентичен пристап кон клиентите
- Горди вработени
- Негување на различностите
- Етика во работењето
- Соработка на секое ниво
- Амбиција кон долготрајност
Нашите почетоци
Од првиот ден до денес, нашата насока е иста: долгорочна вредност, сигурен квалитет и доверба изградена преку резултати. Следејќи ги реалните потреби на пазарот и постојано унапредувајќи ја понудата, логистиката и знаењето на нашиот тим, денес Агнеса функционира преку два продажни салони во Битола, како и преку развиена големопродажна и дистрибутивна мрежа низ повеќе градови во државата.
Создаваме вредност
Нашата мисија е да обезбедиме сигурни, функционални и долготрајни решенија за секој дом и професионален проект, преку внимателно избрани производи, стручна поддршка и партнерски однос со нашите клиенти. Веруваме дека вистинската вредност се создава кога клиентот добива јасна насока, квалитетен производ и доверлив партнер, а не само понуда.
Градиме иднина
Нашата визија е Агнеса да биде еден од најдоверливите и најрелевантни трговски и дистрибутивни брендови во Македонија, препознатлив по квалитетот на понудата, професионалниот пристап и стабилните односи со клиентите и партнерите. Стремиме кон одржлив раст, модернизација и континуирано унапредување, со јасна амбиција да бидеме првиот избор за професионалци и домаќинства кои не прават компромис со квалитетот.
Партнерства и брендови
Долгорочни партнерства со произведувачи и брендови од Турција, Србија, Грција, Косово и Полска, со кои опслужуваме домашниот пазар како дистрибутери и генерални претставници.






Дополнително, во нашата понуда се вклучени и брендови како: Euroser, Hipas, Kanat, Würth, Noark, Tesay, Gama Banyо, JUB и други.

“Го нудиме најдоброто за нашите потрошувачи”
– Едмонд Весели