Agnesa Logo

Корисни совети

Вашиот водич за подобро секојдневие и професионални совети.

Инвертер или стандарден агрегат: Кој е вистинскиот избор за вас?

Инвертер или стандарден агрегат: Кој е вистинскиот избор за вас?

8/18/2026

Прочитај повеќе
Наука за дворот: 3 брзи правила за совршено наводнување летово

Наука за дворот: 3 брзи правила за совршено наводнување летово

Доколку мислите дека за убав двор е доволно само да го пуштите цревото кога ќе ви текне - науката за почвата има лоши вести. Неправилното полевање прави повеќе штета отколку корист. Еве ги 3-те златни правила поткрепени со факти и достапните алатки со кои наводнувањето станува лесно и ефикасно: Правило #1: Алармот нека ѕвони во 6 наутро (или барем до 9!) Научните студии докажуваат дека најдобро време за наводнување е рано наутро. Зошто? Ветерот е најслаб, а температурите најниски, па водата стигнува длабоко до коренот пред да почне силното сонце. Што ако полевате навечер? Влагата останува на листовите со часови, создавајќи совршена средина за развој на мувла и габични заболувања. Полевањето напладне, пак, испарува до 50% од водата пред воопшто да стигне во земјата. Правило #2: Поретко, но подлабоко! Наместо секој ден да го „прскате“ тревникот по малку (што создава само плиток корен), наводнувајте го 1 до 2 пати неделно, но темелно. Ова го принудува коренот да расте подлабоко во почвата во потрага по влага, правејќи ја вашата трева исклучително отпорна на летните горештини. Обезбедете си издржлива опрема за полевање без мака: Издржливо црево: Градинарското црево со 6 слоја на Neo Tools е зајакнато со полиестерско влакно, па нема да се превиткува, да пука или да се оштети од силното сонце. Паметно чување: Спакувајте го уредно на мобилната макара Maxwerk (45m) со тркалца за лесен транспорт низ дворот. Брзи конекции: Поврзете сè без губење притисок со квалитетни брзи спојки и приклучоци кои целосно го спречуваат капењето на вода. Правило #3: Водата не е доволна - нахранете ги растенијата За време на најголемите горештини, на растенијата им е потребна дополнителна прихрана (витамини) и заштита од штетници. Но, обичното полевање со канти често ги измива овие препарати во неповрат. За поголеми дворови: Користете ја батериската прскалка од 16L која со помош на батерија од 12V создава константен притисок и рамномерно ја распрскува течноста на секој лист, без капење. За саксии и балкони: Малите пумпи прскалки Verto од 550ml или Verto од 1000ml се совршени за брзо, нежно и практично освежување на цвеќињата на терасата. Паметното градинарство заштедува и вода и време, а притоа го зачувува и здравјето на растенијата. Подгответе го вашиот двор за летните горештини уште денес со достапната понуда на производи во секцијата Црева и опрема за наводнување на Agnesa.mk.

Тример или косилка – што е вистинскиот избор за вашиот двор?

Тример или косилка – што е вистинскиот избор за вашиот двор?

Ако планирате да го средите дворот ова лето, сигурно сте си го поставиле прашањето: дали ми е потребен тример или косилка? Иако и двата алати служат за косење трева, тие не се наменети за исти задачи. Вистинскиот избор зависи од големината на дворот, теренот и начинот на кој сакате да го одржувате зеленилото. Косилка – најдобар избор за рамни тревници Косилката е создадена за брзо и рамномерно косење на поголеми тревни површини. Најдобро ќе ви одговара ако: Имате уреден тревник; Дворот е претежно рамен; Сакате тревата да биде рамномерно искосена; Сакате побрзо да ја завршите работата. Препорака за помали дворови За тревници до околу 250–300 m², одличен избор се компактните електрични косилки како Bosch EasyRotak 32-235 или Würth F1000EL. Тие се лесни, едноставни за управување и идеални за редовно косење. За средни и поголеми дворови Ако одржувате поголема зелена површина, подобро решение се модели со поголема ширина на косење и поголем колектор, како Bosch UniversalRotak 34-405, Bosch Rotak 18V-34 или Würth FLMA36V. Овие модели овозможуваат побрза работа и помалку прекини за празнење на тревата. Кога тримерот е подобар избор? Постојат места каде косилката едноставно не може да пристапи. Тримерот е идеален за: Косење покрај огради; Рабови на патеки; Околу дрвја и грмушки; Нерамни терени; Стрмни делови од дворот. Со него добивате поголема прецизност и лесно ги средувате местата што остануваат по косењето со косилка. За лесно домашно одржување Ако имате помал двор и тревата редовно се одржува, електричните модели како Bosch EasyGrassCut 23, Bosch ART 24 или Würth F1000ET се практични, лесни и едноставни за користење. За густа трева и поголеми површини За запуштени дворови, висока трева или работа на поголеми површини, подобар избор се бензинските модели како Würth FT43P, Würth FT52D или BCEm 5220. Тие имаат поголема моќност и не зависат од електричен приклучок. Како да го направите вистинскиот избор? Пред да купите, одговорете си на овие прашања: Колкава е површината што ќе ја косите? Дали тревникот е рамен или нерамен? Имате ли многу дрвја, огради или цветни леи? Колку често ќе ја одржувате тревата? Колку поголем и порамен е тревникот, толку повеќе предност има косилката. Колку повеќе има препреки и тесни места, толку повеќе ќе ви користи тримерот. Не постои универзален победник. Косилката и тримерот не се конкуренти - тие се алати што се надополнуваат. Ако сакате брзо косење на тревникот, изберете косилка. Ако сакате совршено средени рабови и лесен пристап до тешко достапните места, тримерот е незаменлив. Во продавниците и на веб-страницата на AGNESA можете да најдете широк избор на Bosch и Würth косилки и тримери, а нашиот тим ќе ви помогне да го изберете моделот што најдобро одговара на вашиот двор и начин на работа.

Боја на 2026 година: Pantone 11-4201 Cloud Dancer – Шепот на спокој во бучниот свет

Боја на 2026 година: Pantone 11-4201 Cloud Dancer – Шепот на спокој во бучниот свет

Pantone институтот ја претстави бојата на годината за 2026: Pantone 11-4201 Cloud Dancer – елегантна воздушеста бела нијанса која симболизира мир, јасност и простор за нов почеток. Во време на брзи промени, оваа дискретна бела нијанса на боја служи како потсетник за вредноста на тишината, одморот и внатрешниот фокус. Cloud Dancer е боја која внесува чувство на леснотија и чистина. Како празно платно, не охрабрува да ги оставиме старите навики и да создадеме простор за нови идеи, креативност и иновации. Таа го смирува умот, го поттикнува фокусот и не ослободува од прекумерни надворешни влијанија. Според Pantone, оваа нијанса е одговор на современиот шум – и буквален и метафоричен, нудејќи момент на јасност во свет што постојано не преоптеретува. Cloud Dancer е клучна структурна боја која лесно се комбинира со целиот спектар на нијанси. Нејзината разновидност и овозможува да биде совршена подлога за пастелни и неутрални тонови, како и дел од палета на меки нијанси со суптилен контраст. Без разлика дали се користи сама или во комбинација со други тонови, оваа нијанса создава чувство на просторност, смиреност и современа елеганција – идеална за ентериери, мода, уметност и визуелен дизајн. Со својата чиста и транспарентна природа, Cloud Dancer не повикува да забавиме, да размислиме и да го преосмислиме просторот околу нас. Таа претставува нова перспектива која е мирна, балансирана и исполнета со можности.

Мувла во домот: Ризици и како да ги избегнете на време

Мувла во домот: Ризици и како да ги избегнете на време

Мувлата (и габичките) на ѕидовите, таванот или во аглите на домот не е само козметички дефект – таа може да претставува сериозен ризик и за домот и за здравјето на неговите членови. Зошто е тоа така? Мувлата може да предизвика алергии, иритации на кожа, очи, нос и грло, особено кај луѓето кои веќе страдаат од астма или други респираторни проблеми. Покрај здравствените проблеми, доколку мувлата се игнорира, може да ја оштети површината и на долг рок да доведе до посериозна структурна штета на ѕидовите. Затоа, кога ќе забележиш знаци дека постои влага или мувла, најдобро е да реагираш брзо. Еве неколку практични совети како да го заштитиш домот од мувла 1. Контролирај ја влагата и проветрувај редовно Одржувај внатрешна релативна влажност (~30-50%), како опсег при кој мувлата тешко се развива. По туширање, готвење или сушење на облека направете провев во просторијата, за да не се акумулира влагата. 2. Направи проверки на сите места каде што влагата може да влегува Провери ги цевките, славините или олуците, бидејќи водените истекувања се често „сокриен“ извор на создавање на мувлата. Во просториите како што се бањата или кујната, размисли за употреба на материјали отпорни на влага (водоотпорен малтер, бои со антимикробни својства, фуги и силикони) 3. Обезбеди добра циркулација на воздух и направи добра организација на просторот Не оставај мебел или одредени кутии за складирање непосредно до надворешните ѕидови. Тоа може да го спречи протокот на воздух и да создаде „сокриена“ влага. Редовно чисти ги и суши ги влажните простории, бидејќи влагата, прашината и органскиот материјал во заедничка комбинација се идеална клима за создавање на мувла. 4. Брзо реагирај на првите знаци - не чекај мувлата да се прошири Ако забележиш дамки, темни точки или непријатен мирис, обиди се веднаш да утврдиш дали и каде има влага и реши го проблемот. Дополнително, можеш да користиш специјални средства за чистење т.е. отстранување на мувла. Како производот на AGNESA може да ти помогне во таа намена? Еден од производите кои можат да ви помогнат при проблемот со мувлата е KNAUF отстранувачот на мувла - средство што темелно отстранува мувла, габи, мов или алги на различни површини (малтер, гипс, камен, дрво, фуги итн.). Со правилна примена (распрскување, чекање средството да реагира и плакнење), може да ги исчисти ѕидовите од наслагите. Тоа не е само козметичка, туку и здравствена превентивна мерка. Секако, важно е да се знае дека чистењето само по себе не е доволно доколку се врати изворот на влага. Секогаш имајте го предвид поширокиот план: превенција + редовно одржување. Со навремени мерки за контрола на влагата, добра проветреност и брз одговор, можеш да ги заштитиш и домот и здравјето од несаканиот гостин - мувлата.

Премини на LED: Сите предности на модерното осветлување

Премини на LED: Сите предности на модерното осветлување

LED осветлувањето стана стандарден избор во модерните домови, канцеларии и комерцијални простори. Причината е едноставна – нуди многу повеќе од само светлина! Еве ги најважните предности поради кои LED технологијата е една од најпаметните инвестии во денешно време. 1. Значително помала потрошувачка на електрична енергија LED светилките трошат и до 80% помалку струја во споредба со класичните светилки. Со други зборови, ова би значело: пониски сметки за струја, помало оптоварување на електричната мрежа и поголема енергетска ефикасност без компромис во поглед на светлината. 2. Долг век на траење – до 25.000+ работни часа LED светилките траат 20-30 пати подолго од обичните светилки. Тоа значи дека многу поретко ќе купуваш нови светилки, со што во исто време заштедуваш и пари и време. 3. Минимално загревање и поголема безбедност За разлика од класичните светилки кои се загреваат до високи температури, LED осветлувањето останува ладни на допир и практично не се загреваат. Ова може да биде многу важно во домовите каде што има деца (младите истражувачи сакаат да допираат се околу себе), потоа во малите простории каде што осветлувањето е во близина на мебел или завеси, во декоративните ламби кои се изработени од пластика или други материјали чувствителни на топлина, осветлувањата во внатрешноста на мебелот (каде што LED лентите го преземаат приматот на најбезбедни и најестетски форми на осветлување) итн. 4. Почиста и поквалитетна светлина LED технологијата дава рамномерна светлина без треперење, па како таква идеална е за: читање, работа на компјутер, кујна и дневна, осветлување на продавници, деловни објекти, студиа и слично. LED светлината е природна и пријатна за очите. 5. Огромен избор на бои и температури на светлина Топла, неутрална или ладно-бела? Шарени LED ленти? Регулирање на јачината со димер? LED системите овозможуваат персонализација на осветлувањето за секој стил и потреба! 6. Eco-friendly технологија LED осветлувањето не содржи жива, троши помалку енергија и има долг век на траење. Тоа значи помал отпад и значително помало влијание врз околината. 7. Повисок квалитет со современ дизајн LED светилките доаѓаат во стотици форми: декоративни ламби, лустери, LED ленти, неон ленти, панели, надворешни светилки, работни ламби итн. Лесно се вклопуваат во секој ентериер и придонесуваат за модерна естетика. 8. Поголема издржливост и отпорност LED светилките се отпорни на вибрации, промени во температура и механички влијанија. Поради ова, тие се одличен избор и за надворешна употреба, гаражи, работилници и индустриски простори. LED осветлувањето е комбинација од заштеда, долговечност, естетика и безбедност. Со избор на квалитетни LED производи добиваш поефикасен дом, помали трошоци и поубава атмосфера.

Пролетна трансформација: Целосен водич за чистење и подготовка на градината

Пролетна трансформација: Целосен водич за чистење и подготовка на градината

Пролетта е најдинамичниот период кога станува збор за градината, бидејќи доаѓа време за расчистување, садење, обезбедување на алати и создавање основа за една прекрасна сезона. Овој водич ќе ти помогне да ги завршиш сите важни работи навреме, како вистински професионалец. 1. Отстрани ги сувите гранки, листовите и старите растенија Првиот чекор е целосно чистење! Ова е фазата кога го подготвувате теренот за нов раст. Користете градинарски ножици, косилки, дувач за лисја или електрични тримери за подобар резултат. 2. Подгответе ја почвата Започнете со обработка на земјата. Ископајте, отстранете камчиња и додадете малку хранливи материи. Март е идеален период за подготовки пред првите садења на разни цвеќиња и растенија кои ќе ја разубават вашата градина. 3. Провери го системот за наводнување Системите за наводнување во зимскиот период секогаш се „на пауза“, па поради тоа неопходно е да проверите дали случајно се јавуваат одредени протекувања, дали има оштетувања на спојки, во каква состојба се цревата, дали прскалките за наводнување правилно функицонираат и слично. 4. Подготви ги сите неопходни алати за сезоната Пролет значи активна градинарска работа. Во таа смисла, провери ги алатите кои ги поседуваш и нивната исправност, или набави ги оние алати кои ти недостасуваат, а мислиш дека значително ќе ти користат во разубавувањето на градината, како на пример: тримери, електрични косилки, рачни ножици, лопати и други рачни алатки, перачи под висок притисок итн. 5. Организирај ја градинарската опрема Практичноста ќе ви заштеди време преку целата сезона. Обезбедете си разни кутии за прибор, алат и материјали, држачи, полици и слично, така што секој алат ќе си има свое место. 6. Засади сезонски растенија и цвеќиња Станува збор за веројатно најубавиот дел од работата! Размисли за местоположбата на која ќе ги посадиш растенијата и цвеќињата, каде има повеќе сенка, каде и колку се изложени на сонце и слично, бидејќи тоа ќе влијае значително на успехот од садењето. Визуелниот ефект на градината кој ќе следи во подоцнежните недели ќе биде фантастичен, а истовремено може да насадите и зеленчук или овошје, во чии вкусови ќе уживате во текот на целата година. 7. Додади надворешно осветлување Надворешното осветлување не само што придонесува за подобрување на естетиката и визуелниот ефект, туку истовремено ќе ја подобри безбедноста и видливоста во вашата градина. Направете мал и креативен амбиент, така што ќе додадете LED светилки, рефлектори, соларни ламби или можеби ќе направите мали патеки украсени со светилки.