Замена на производ
АГНЕСА Газмен ДООЕЛ увоз-извоз Битола информациите кои ги собира преку користењето на колачиња (“cookies”), ги користи за ремаркетинг преку Google AdWords и Facebook, односно за свое рекламирање на други интернет страници кои ќе ги посети корисникот, врз основа на претходна посета на интернет страната и обезбедена согласност за оваа активност. Google, Facebook и останати трети страни, прикажуваат реклами односно т.н. “ads” низ различни интернет страници и апликации кои корисникот ги посетува и користи. Овие “ads” се базираат и на претходните кориснички посети на интернет страната на АГНЕСА Газмен ДООЕЛ увоз-извоз Битола преку користење на колачиња.
На пример, кога со посетата на нашата интернет страница корисникот се интересирал за одредена услуга или уред без да направи конкретна нарачка, со таквата активност се генерира информација која може да се појави во форма на оглас кај Google и Facebook и на корисникот врз основа на неговиот претходен интерес, при посета на друга интернет страна која исто така користи “ads” на Google да му биде презентирана реклама за АГНЕСА Газмен ДООЕЛ увоз-извоз Битола или за содржината која ја посетил на страната на АГНЕСА Газмен ДООЕЛ увоз-извоз Битола. Сите собрани податоци од АГНЕСА Газмен ДООЕЛ увоз-извоз Битола ќе се користат во согласност со нашата Политиката за приватност, односно со политиките за приватност на Google и Facebook за податоците собрани кај нив.
Корисникот може целосно да се откаже од ваквиот начин на рекламирање засновано на неговиот претходен интерес со подесување на поставките за колачиња во интернет прелистувачот кој го користи корисникот. DoNotTrack (“DNT”) е функционалност која му овозможува на корисникот да го подеси својот интернет пребарувач да ги информира интернет страниците дека неговото движење на интернет не сака да биде следено. “DNT” функционалноста корисникот може да ја овозможи или оневозможи со посета на делот “Параметри” (Preferences) или “Поставки” (Settings) на интернет пребарувачот кој го користи.Потрошувачот има право во Agnesa да го замени или врати производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини, освен во случај на купен производ изготвен по нарачка од потрошувачот врз основа на писмен договор, што е во согласност со член 50 од Законот за заштита на потрошувачите.
Потрошувачот правото за замена односно враќање на производ може да го оствари во рок од 15 дена сметано од денот на подигање т.е. достава на производот.
За остварување на правото за замена односно враќање на производ согласно оваа Одлука важат следните законски услови:
производот не бил употребуван;
сочувани се: изгледот, употребните својства, пломбите и фабричките етикети на производот;
при поднесување на барање за замена, односно враќање на производ, со призводот задолжително се приложува фискалната сметка или сметкопотврдата и целокупната друга пропратна документација која на Потрошувачот му била издаденa заедно со производот.
По истекот на рокот од 15 дена од денот на подигање т.е. достава на производот, потрошувачот го губи правото на замена, односно враќање на производ по овој основ. Сите поднесени Барањата за замена, односно враќање на производ, сметано од 16-тиот ден од денот кога производот е примен од потрошувачот, ќе бидат негативно одговорени. Замената, односно враќањето на производот Потрошувачот може да го реализира во било кој продажен салон на Agnesa, независно од тоа каде е извршена купопродажбата.
Наведената Политика за замена, односно враќање на производ на барање на потрошувач се применува во сите Agnesa продажни салони од 2020 година. За сите производи купени до 2020 година важи и се применува правилото за замена односно враќање на производ на барање на потрошувач во рок од 15 дена сметано од денот кога производот е купен.