Восок лазур е декоративен заштитен премаз изработен на база на специјален восок, УВ апсорбира синтетички смоли, светло стабилни пигменти и разредувачи.
Намена: Наменет е за заштита и декорација на дрво, ентериер и екстериер. Восокот и УВ абсорберите обезбедуваат долготрајна заштита на дрвото од УВ зрачење и атмосферски влијанија.
Употреба: Производот се разредува со синтетички рзредувач во 10% во зависност од начинот на употреба - со четка крпа и натопување. Се нанесува на чиста сува и мазна површина на дрвото 1-2 слоја за внатршна заштита, 2-3 слоја за надворешна заштита. Обавезно меѓуслојно лесно брусење.
Разредување: до 10% со синтетички разредувач.
Потрошувачка: 8-10m2 во еден нанос.
Рок на траење: 36 месеци.