Agnesa Logo
У Врска Адинг 1 кг. - image 1

У Врска Адинг 1 кг.

Количина:
230.00 ден.

Цените се со вклучен ДДВ

SKU: 93675

Достава на адреса

Време на испорака: 2-5 работни дена

Детали за производот

Опис на производ

Додаток за подобрување на лепливоста, еластичноста и водоотпорноста на малтерските и бетонските смеси. Најчесто се применува при репарација на бетонски конструкции. Како прајмер за подобрување на врската помеѓу стар и нов бетон (малтер) и постигнување на површинска импрегнација на цементните подлоги. ПОДГОТОВКА НА ПОДЛОГА: При репарација или стабилизирање на бетонските површини, подлогата која се репарира треба да е чиста, обеспрашена и обезмастена. Потребно е отстранување на остатоци од боја, малтер, масло, растенија и друго. Доколку материјалот се нанесува преку глатка и здрава подлога истата е пожелно да се орапави со челична четка. Вака припремените подлоги треба да се навлажнат со вода до степен на заситување. Доколку на подлогата се јавува и арматура, истата треба да се исчисти до метален сјај (со челична четка или пескарење) и да се заштити со Репаратур Пенетрат или со Антикорозин Е. ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА / ИМПРЕГНАЦИЈА НА ЦЕМЕНТНИ ПОДЛОГИ: Материјалот се приготвува со мешање на Врска У : Вода = 1 : 2. Вака припремената мешавина се втиснува во подлогата со четка во еден слој. Доколку подлогата е многу порозна, потребно е да се нанесе втор слој. Вака третираната подлога добива потемна нијанса. КАКО ПРЕДПРЕМАЗ ЗА МАЛТЕР И БЕТОН: Подлогата се прајмерира со смеса припремена во однос 1 : 3 или 1 : 4 (Врска У : Вода). Вака припремениот прајмер се нанесува на подлогата со четка. Посебно внимание треба да се обрне новиот малтер или бетон да се нанесе на свеж прајмер, односно 20 до 30 минути од нанесување на прајмерот.Доколку прајмерот е исушен потребно е истиот да биде отстранет по механички пат и подлогата повторно да се прајмерира.

Спецификација

Достава и враќање на производ