Боја на 2026 година: Pantone 11-4201 Cloud Dancer – Шепот на спокој во бучниот свет

Pantone институтот ја претстави бојата на годината за 2026: Pantone 11-4201 Cloud Dancer – елегантна воздушеста бела нијанса која симболизира мир, јасност и простор за нов почеток. Во време на брзи промени, оваа дискретна бела нијанса на боја служи како потсетник за вредноста на тишината, одморот и внатрешниот фокус.

Cloud Dancer е боја која внесува чувство на леснотија и чистина. Како празно платно, не охрабрува да ги оставиме старите навики и да создадеме простор за нови идеи, креативност и иновации. Таа го смирува умот, го поттикнува фокусот и не ослободува од прекумерни надворешни влијанија.

Според Pantone, оваа нијанса е одговор на современиот шум – и буквален и метафоричен, нудејќи момент на јасност во свет што постојано не преоптеретува.

Cloud Dancer е клучна структурна боја која лесно се комбинира со целиот спектар на нијанси. Нејзината разновидност и овозможува да биде совршена подлога за пастелни и неутрални тонови, како и дел од палета на меки нијанси со суптилен контраст. Без разлика дали се користи сама или во комбинација со други тонови, оваа нијанса создава чувство на просторност, смиреност и современа елеганција – идеална за ентериери, мода, уметност и визуелен дизајн.

Со својата чиста и транспарентна природа, Cloud Dancer не повикува да забавиме, да размислиме и да го преосмислиме просторот околу нас. Таа претставува нова перспектива која е мирна, балансирана и исполнета со можности.