Вашата сигурна дестинација за сè што ви е потребно за вашиот дом и градежни проекти

Агнеса е семејна компанија основана во 2000 година, која од локален бизнис со јасна визија прерасна во стабилен и препознатлив трговски и дистрибутивен систем во областа на градежни материјали, опрема за дом и професионални решенија во Македонија.

години постоење
26
лојални мајстори
300+
вработени
20+
AGNESA, Битола

Нашите вредности

Нашето работење се темели на вредности кои го носат идентитетот на името АГНЕСА:

  • Автентичен пристап кон клиентите
  • Горди вработени
  • Негување на различностите
  • Етика во работењето
  • Соработка на секое ниво
  • Амбиција кон долготрајност
Нашите почетоци

Нашите почетоци

Од првиот ден до денес, нашата насока е иста: долгорочна вредност, сигурен квалитет и доверба изградена преку резултати. Следејќи ги реалните потреби на пазарот и постојано унапредувајќи ја понудата, логистиката и знаењето на нашиот тим, денес Агнеса функционира преку два продажни салони во Битола, како и преку развиена големопродажна и дистрибутивна мрежа низ повеќе градови во државата.

Мисија

Создаваме вредност

Нашата мисија е да обезбедиме сигурни, функционални и долготрајни решенија за секој дом и професионален проект, преку внимателно избрани производи, стручна поддршка и партнерски однос со нашите клиенти. Веруваме дека вистинската вредност се создава кога клиентот добива јасна насока, квалитетен производ и доверлив партнер, а не само понуда.

Визија

Градиме иднина

Нашата визија е Агнеса да биде еден од најдоверливите и најрелевантни трговски и дистрибутивни брендови во Македонија, препознатлив по квалитетот на понудата, професионалниот пристап и стабилните односи со клиентите и партнерите. Стремиме кон одржлив раст, модернизација и континуирано унапредување, со јасна амбиција да бидеме првиот избор за професионалци и домаќинства кои не прават компромис со квалитетот.

Каде сме

Партнерства и брендови

Долгорочни партнерства со произведувачи и брендови од Турција, Србија, Грција, Косово и Полска, со кои го опслужуваме домашниот пазар како дистрибутери и генерални претставници.

Дополнително, во нашата понуда се вклучени и брендови како: Euroser, Hipas, Kanat, Würth, Noark, Tesay, Gama Banyo, JUB и други.

Сите брендови →
Партнерства и брендови
„Го нудиме најдоброто за нашите потрошувачи.“
Едмонд Весели
Стани мајстор
Посебни цени и услови за мајстори и фирми.
B2B за дистрибутери
Големопродажни цени и нарачки преку порталот.
Контакт
+389 71 375 290 · info@agnesa.mk