Замена и враќање на производ

Последна измена: 03.10.2026

Во Агнеса можете да го замените или вратите производот со соодветен квалитет што не ви одговара по форма, големина, модел, боја, број или од друга причина, освен производ изработен по ваша нарачка врз основа на писмен договор или сечен по мерка.

Рок

Правото на замена или враќање го остварувате во рок од 15 дена од денот на подигањето или доставата на производот. По истекот на овој рок, барањата по овој основ не се прифаќаат.

Услови

  • Производот не бил употребуван.
  • Сочувани се изгледот, употребните својства, пломбите и фабричките етикети.
  • Со производот ја приложувате фискалната сметка или фактурата и целата друга документација што сте ја добиле со него.

Замената или враќањето можете да ги направите во нашиот продажен салон на Бурса бр.42, Битола, без оглед на тоа дали сте купиле во продавница или преку сајтот.

Купување преку сајтот

За производите купени преку интернет продавницата, како потрошувач го имате и законското право на откажување од договорот во рок од 14 дена од приемот, без наведување причина. Постапката и трошоците се опишани во Услови за користење и купување.

Неисправен производ

Ако производот има недостаток, контактирајте нè на +389 71 375 290 или на info@agnesa.mk. Рекламациите ги решаваме според гарантниот лист и законските права на потрошувачот, без трошок за вас.