Достава и подигање
Цена на доставата
Цената зависи од производите во нарачката. На страницата на секој производ пишува колку чини неговата достава. Ако во нарачката има производи со различна цена на достава, важат цената и прагот за бесплатна достава на повисоката. Доставата ја плаќате еднаш за целата нарачка.
| Производи | Достава | Бесплатна над |
|---|---|---|
| Повеќето производи | 200 ден. | 3.000 ден. |
| Крупни производи | 400 ден. | 8.000 ден. |
| Габаритни или тешки производи | 3.000 ден. | 30.000 ден. |
Бесплатната достава важи кога вкупната вредност на производите во нарачката е над прагот. Точната цена ја гледате во кошничката и пред да ја потврдите нарачката. Цените се со ДДВ.
Подигање од продавница: бесплатно
Нарачката можете да ја подигнете во продавницата: Бурса бр.42, Битола. Ќе ве побараме кога нарачката ќе биде подготвена за подигање. Плаќате при подигање, во готово или со картичка; може и однапред, со вирман по профактура (нарачката е подготвена откако ќе ја примиме уплатата); по фактура — ако вашата сметка има такви услови.
Како се доставува
- Доставуваме низ цела Македонија. По нарачката ве повикуваме за потврда.
- Рокот за достава е од 2 до 7 дена од потврдата.
- Плаќате при достава, во готово на доставувачот; може и однапред, со вирман по профактура (пратката тргнува по уплатата); по фактура — ако вашата сметка има такви услови.
- Тешките и габаритните пратки ги предаваме од возилото, на најблиското место до кое возилото може да пристапи.
Откажување и враќање
Како потрошувач (физичко лице), од нарачката направена преку сајтот можете да се откажете во рок од 14 дена од приемот на производите, без да наведете причина. Доволно е да ни кажете на +389 71 375 290 или на info@agnesa.mk, со бројот на нарачката. Трошокот за враќање на производите го плаќате вие, освен ако производот е неисправен или погрешно испорачан. Ви ја враќаме платената сума, заедно со платената достава, најдоцна 14 дена откако ќе ни кажете дека се откажувате; парите може да ги задржиме додека не ги примиме производите или доказ дека се испратени.
Прашања: +389 71 375 290