Политика за колачиња
Последна измена: 14.10.2026
Колачињата („cookies“) се мали текстуални датотеки што интернет страната ги зачувува во вашиот прелистувач. Оваа политика објаснува кои колачиња и кои записи во меморијата на прелистувачот ги користи интернет продавницата на АГНЕСА Газмен ДООЕЛ увоз-извоз Битола, вклучително порталот за дистрибутери (B2B).
Кои колачиња ги користиме
Засега користиме само неопходни колачиња, без кои сајтот не може да работи. Додека не се најавите, сајтот не поставува ниедно колаче.
- sb-ysvntajckyqzioddsdfb-auth-token (колаче за најава): го чува вашето најавување во профилот. Се поставува само кога ќе се најавите; кога е подолго, се дели на неколку колачиња со наставка .0, .1. Го чита само серверот (не и скриптите на страницата) и се праќа само преку шифрирана врска. Се брише при одјава; ако не се одјавите, трае до 400 дена, а рокот може да се продолжи кога повторно го користите сајтот најавени.
- ag_viewer (колаче за купувачот): кај секој најавен купувач ги памети името и групата на цени, за приказ во заглавието, за вашите цени и за листата, како и скратена шифрирана ознака на сметката (за картичката зачувана на уредот да ја гледа само таа сметка). Се брише при одјава; трае најмногу 30 дена.
Меморија на прелистувачот
Некои податоци сајтот ги чува во локалната меморија на вашиот прелистувач (localStorage). Тие остануваат на вашиот уред и служат само за услугата што ја користите:
- agnesa_cart_v1: кошничката (производи и количини). Кај нас ја зачувуваме дури со нарачката; се празни по нарачката или кога ќе ја испразните.
- agnesa_favs_v1: листата на производи. Останува додека не ја избришете; ако сте најавени, се чува и во профилот.
- agnesa_favs_acc: ознака на сметката од која е листата на уредот, за листата од профилот да не остане на заеднички компјутер. Се брише при одјава.
- agnesa_coupon_v1: кодот за попуст што сте го внеле. По 7 дена повеќе не важи и се брише.
- agnesa_card_pending: бројот на нарачката и кодот за пристап до неа, само кога нарачката чека онлајн плаќање, за да можете да го довршите или откажете плаќањето. Се брише по плаќањето или откажувањето, а по 24 часа повеќе не се користи.
- agnesa_b2b_cart_v1: кошничката во порталот за дистрибутери. Се празни по нарачката или кога ќе ја испразните.
- agnesa_klub_karticka: само кај членовите на Клуб Картичка — името и бројот на картичката, за картичката да се прикаже и без интернет. Се брише при одјава, кога на уредот ќе се најави друга сметка и кога картичката ќе се деактивира или одврзе од профилот.
- agnesa_pocetna_skrieno: ознака дека сте го затвориле известувањето „Додај ја Агнеса на почетен екран“ (само вредноста 1, без лични податоци). Останува додека не ја избришете.
- agnesa_klub_provereno (само за отворениот таб, sessionStorage): ознака дека картичката зачувана на уредот е проверена за вашата сметка. Се брише кога ќе го затворите табот.
Приказ на Клуб Картичка без интернет
Ако имате поврзана Клуб Картичка, нејзината страница во прелистувачот регистрира помошна скрипта (service worker) и во меморијата на прелистувачот (Cache Storage, „klub-karticka-v1“) ја чува страницата на картичката со нејзините датотеки — име, број и баркод, без телефон и без други податоци од профилот — за картичката да можете да ја покажете на каса и без интернет. Скриптата не ве следи и не праќа ништо надвор од нашиот сајт. Се брише при одјава, кога на уредот ќе се најави друга сметка и кога картичката ќе се деактивира или одврзе.
Слики од нашето складиште
Дел од сликите (логото на сајтот, банерите на почетната страница и логоата на брендовите) вашиот прелистувач ги вчитува директно од нашето складиште на фајлови кај Supabase во Франкфурт (адреса на supabase.co), кое сликите ги испорачува преку мрежата на Cloudflare. Како и при вчитување на секоја слика, нивните сервери ги гледаат вашата IP-адреса и видот на прелистувачот. Ние преку тоа не ве следиме и не поставуваме колачиња. Сликите на производите се вчитуваат преку нашиот сајт.
Аналитика и реклами
Засега не користиме колачиња ниту други алатки за аналитика, следење или реклами (ниту Google, ниту Facebook). Немаме вградени мапи, видеа или копчиња од социјалните мрежи; врските кон нив се обични линкови. Ако во иднина воведеме аналитика или реклами, прво ќе побараме ваша согласност и ќе ја ажурираме оваа политика.
Како да ги избришете
Колачињата и меморијата на прелистувачот можете да ги избришете или блокирате во поставките на вашиот прелистувач. Ако ги блокирате неопходните колачиња, најавата во профилот нема да работи; купувањето без најава останува можно. Со бришење на меморијата се празнат кошничката и листата на уредот (листата на најавен купувач останува во профилот), а Клуб Картичката повторно се зачувува кога ќе ја отворите со интернет.
За прашања: info@agnesa.mk.