Општи услови

Последна измена: 03.10.2026

За да ги задоволи вашите потреби и барања, Агнеса се залага интернет продавницата да биде достапна 24 часа во денот. Во случај на привремена недостапност или прекин поради технички или надворешни причини надвор од нашата контрола, не можеме да гарантираме постојан пристап.

Сите податоци и информации објавени на интернет страната на Агнеса се од информативен карактер. Агнеса го задржува правото да ги менува во зависност од условите и потребите. Се трудиме информациите, цените и фотографиите да бидат точни, но можни се отстапувања или пропусти; фотографиите се илустрација на изгледот на производот.

Податоци за фирмата

  • Назив: АГНЕСА Газмен ДООЕЛ увоз-извоз Битола
  • Седиште: Дојран бр. 34, Битола
  • ЕМБС: 5422183
  • ЕДБ: 4002000141663
  • Продажен салон: Бурса бр.42, Битола
  • Телефон: +389 71 375 290
  • Е-пошта: info@agnesa.mk

Трговски знак и авторски права

Називот „Agnesa“ е трговски знак на АГНЕСА Газмен ДООЕЛ увоз-извоз Битола и секаков вид на негова употреба без претходна писмена согласност е забранет. Целата содржина на оваа интернет страна, вклучувајќи ги изгледот, текстовите, сликите и податоците, е сопственост на АГНЕСА Газмен ДООЕЛ увоз-извоз Битола и е заштитена со авторско право и сродните права. Преземањето, дистрибуцијата или пренесувањето на содржината без согласност е забрането; дозволена е само лична, некомерцијална употреба.

Колачиња

Оваа интернет страна користи колачиња („cookies“) што се неопходни за нејзино правилно функционирање. Повеќе во Политиката за колачиња.