Мувла во домот: Ризици и како да ги избегнете на време

Мувлата (и габичките) на ѕидовите, таванот или во аглите на домот не е само козметички дефект – таа може да претставува сериозен ризик и за домот и за здравјето на неговите членови. Зошто е тоа така?
Мувлата може да предизвика алергии, иритации на кожа, очи, нос и грло, особено кај луѓето кои веќе страдаат од астма или други респираторни проблеми. Покрај здравствените проблеми, доколку мувлата се игнорира, може да ја оштети површината и на долг рок да доведе до посериозна структурна штета на ѕидовите.
Затоа, кога ќе забележиш знаци дека постои влага или мувла, најдобро е да реагираш брзо. Еве неколку практични совети како да го заштитиш домот од мувла
1. Контролирај ја влагата и проветрувај редовно
Одржувај внатрешна релативна влажност (~30-50%), како опсег при кој мувлата тешко се развива. По туширање, готвење или сушење на облека направете провев во просторијата, за да не се акумулира влагата.
2. Направи проверки на сите места каде што влагата може да влегува
Провери ги цевките, славините или олуците, бидејќи водените истекувања се често „сокриен“ извор на создавање на мувлата. Во просториите како што се бањата или кујната, размисли за употреба на материјали отпорни на влага (водоотпорен малтер, бои со антимикробни својства, фуги и силикони)
3. Обезбеди добра циркулација на воздух и направи добра организација на просторот
Не оставај мебел или одредени кутии за складирање непосредно до надворешните ѕидови. Тоа може да го спречи протокот на воздух и да создаде „сокриена“ влага. Редовно чисти ги и суши ги влажните простории, бидејќи влагата, прашината и органскиот материјал во заедничка комбинација се идеална клима за создавање на мувла.
4. Брзо реагирај на првите знаци - не чекај мувлата да се прошири
Ако забележиш дамки, темни точки или непријатен мирис, обиди се веднаш да утврдиш дали и каде има влага и реши го проблемот. Дополнително, можеш да користиш специјални средства за чистење т.е. отстранување на мувла.
Како производот на AGNESA може да ти помогне во таа намена?

Еден од производите кои можат да ви помогнат при проблемот со мувлата е KNAUF отстранувачот на мувла - средство што темелно отстранува мувла, габи, мов или алги на различни површини (малтер, гипс, камен, дрво, фуги итн.).
Со правилна примена (распрскување, чекање средството да реагира и плакнење), може да ги исчисти ѕидовите од наслагите. Тоа не е само козметичка, туку и здравствена превентивна мерка.
Секако, важно е да се знае дека чистењето само по себе не е доволно доколку се врати изворот на влага. Секогаш имајте го предвид поширокиот план: превенција + редовно одржување. Со навремени мерки за контрола на влагата, добра проветреност и брз одговор, можеш да ги заштитиш и домот и здравјето од несаканиот гостин - мувлата.