Гипс картон плоча дијамантска Кнауф
- ✓ Достава низ Македонија: 200 ден. · бесплатно над 3.000 ден. · услови
- ✓ Подигање во продавница во Битола: бесплатно
- ✓ Прашај: +389 71 375 290
Опис
Diamant е плоча за највисоки оптоварувања, базирана на напредните својства на алфа-гипсот и посебниот начин на производство, кој и овозможува зголемена густина, напредна цврстина и звучно-изолациска моќ. Лесна е за обработка, а исклучително цврста при експлоатација. Со самата зголемена крутост на плочата, зголемена е и носивоста на системите во кои влегува истата. Со истите врзни елементи, се добива поголема носивост.
Се користи во градежни системи со високи барања во областите:
заштита од пожар
заштита од бука
постојаност при влага
механичка отпорност
противпровална заштита
Diamant плочата ги обединува предностите на мазните гипсени плочи и високоотпорните гипсвлакнести плочи во еден производ. Со комбинација на тие својства Diamant плочата е идеално решение за примена во јавни објекти каде е важна цврстината, долготрајноста и квалитетот на ѕидната површина.
Пожарна отпорност: Плочите ги задоволуваат сите барања за заштита од пожар кај преградните ѕидови и спуштените тавани. Сите овие системи се потврдени, согласно законската регулатива.
Заштита од бучава: Во системи каде Diamant плочите се користат наместо стандардните Кнауф гипсени плочи од тип А, истите покажуваат исклучително висока звучна заштита.
Стабилност: Површинската цврстина на Diamant плочите е два пати повисока во однос на противпожарната плоча од тип DF (според МКС EN 520), па така, истата гипсена облога на системот, може да се оптовари со поголем товар. Истата карактеристика овозможува и монтажа на повисоки прегради.
Импрегнација: Diamant плочите имаат посебно импрегнирано гипсено јадро, кое овозможува димензионална стабилност во влажни услови, исто како и H2 импрегнираната плоча.
За позиции со висока звучна изолација и механичка отпорност, како и кај ѕидови со големи висини. Позиции со висока противпожарност и до 180 минути, во бањи, тоалети и кујни. Идеална за:
училишта, детски градинки и спортски објекти
здравствени објекти, болници
хотели, фитнес и wellness центри
јавни објекти со зголемена фрекфенција на луѓе
банки, менувачници, финансиски институции
високовредна станбена и деловна изградба
Слични производи во Гипс плочи
СитеВиди ги сите

Гипсена градежна плоча, чии површини и надолжни ивици се обложени со специјален картон. · Ознака: син печат од задната страна. · Sидни и тавански облоги на…


Гипсена противпожарна плоча, чие гипсено јадро е дополнително зацврстено и армирано со стаклени нишки долги 3–30 mm и тоа најмалку 0,2 % од тежината. · Ознака…


Гипсенaa плочa, чие јадро и картон се специјално импрегнирани против впивање на влага. · Ознака: син печат од задната страна; зелен картон од предната и…

