Глет малтер Ротбанд Кнауф
- ✓ Достава низ Македонија: 3.000 ден. · бесплатно над 30.000 ден. · услови
- ✓ Подигање во продавница во Битола: бесплатно
- ✓ Прашај: +389 71 375 290
Опис
Rotband е врзивен глет малтер погоден за секоја големина на објект и за секоја подлога. Тој е вистинско решение за помали површини, особено при реновирањето. Негова предност во однос на машинските малтери е малата минимална дебелина на нанесување и тоа го прави незаменлив кога треба да се измалтерисаат рамни ѕидови или тавани. Кнауф Rotband одлично врзува со сите видови подлоги вклучително и бетон.
Со Rotband е доволен само еден слој нанесување преку целата површина, затоа што со овој производ се врши и малтерисување и глетување во ист чекор. Со ова површината е веќе подготвена за бојадисување. Дебелина на нанесување: 5-50mm.
• фабрички подготвен сув малтер
• еластичен
• издашен
• еднослоен
• готов за работа
• долговремена обработливост
• се стврднува рамномерно
• отпорен на гребење и притисок
• отпорен на ковање
Се употребува за внатрешни површини за сите градежни подлоги (готови бетонски елементи, сите видови бетонски површини, гипсени плочи, цигли итн...).
Малтерот се меша во сад со чиста вода со електричен миксер се додека не се добие фина смеса без грутчиња. Се нанесува на ѕидот или таванот најдоцна 20 минути по мешањето и се порамнува со трапезна летва. Обработливоста на Кнауф Rotband е околу 90 минути. Откако гипсениот малтер ќе се врзе со водата, површината лесно се навлажнува и се филца со кружни движења со сунѓереста папуча. Со тоа се врши фино распределување на малтерот. Конечно, пред да стврдне малтерот се глетува со што се добива завршна мазна површина.
Слични производи во Глет маси
СитеВиди ги сите

Прашкаст производ · Глет маса за исполнување на нерамни ѕидови · На база на гипс · Висока издашност · Низок процент на собирање при сушење · Брзо сушење…


Глет маса за внатрешна употреба, на база на вар. Потрошувачка: ca. 1,0kg/m2 по милиметар Се извлекува на нула Исклучително лесно се обработува Одлично…


Super Finish e фабрички подготвена глет маса, специјално формулирана за професионалните изведувачи на сувомонтажни системи. Обезбедува супериорен квалитет на…


Внатрешна прашкаста маса за израмнување · Прашкаста маса за рачно и машинско фино израмнување на внатрешни ѕидни и тавански површини. Соодветна е за подлоги од…


Подрачје на употрба · Jubolin Classic е дисперзна пастозна тенкослојна маса за многу фино израмнување и измазнување на внатрешни ѕидни и тавански површини. Се…


Подрачје на употрба · Jubolin Classic е дисперзна пастозна тенкослојна маса за многу фино израмнување и измазнување на внатрешни ѕидни и тавански површини. Се…


Knauf Fill & Finish е готова мешавина за завршна обработка на гипс-картон, која главно се користи за фугирање на гипсени плочи. Наменета е за пополнување на…

