Глет маса Superfinish 20kg Кнауф
- ✓ Достава низ Македонија: 200 ден. · бесплатно над 3.000 ден. · услови
- ✓ Подигање во продавница во Битола: бесплатно
- ✓ Прашај: +389 71 375 290
Опис
Super Finish e фабрички подготвена глет маса, специјално формулирана за професионалните изведувачи на сувомонтажни системи. Обезбедува супериорен квалитет на обработливост, одлично отворено време и вонстандардна леснотија при брусењето. Произведена е и полнета е под вакуум, со што е целосно ослободена од заробен воздух и меурчиња кои се појавуваат при употреба на стандардни материјали.
Винилниот состав на Super Finish обезбедува професионално ниво на завршна површина. Одличен за покривање на аголни лајсни, фаши, во тенок слој, или во подебел слој, погоден за рачно нанесување на текстури. Нуди основа за економично фарбање на ѕидовите, како и основа за најфините современи декоративни премази.
Пократко време на мешање
Лесно лизгање, одлична врзливост
Подолго отворено време
Минимизирана појава на меури
Super Finish е наменет за завршна обработка на површини со К2-К4 квалитет.
При употреба на Super Finish, температурата на воздухот не смее да паѓа под 13°С. Препорачано е просторот убаво да се вентилира за да се одведе вишокот влага од просторот. Промешајте го материјалот, без додавање на вода. За покривање на фаши и аголни лајсни, употребувајте директно од кантата, а за глетување на големи површини, можно е разводнување на материјалот. Додавајте помали дози вода, за да не ја разредите премногу количината. Тестирајте ја густината пред секое наредно додавање вода.
Нанесување:
Наполнете ги споевите со материјал за исполна на споеви (со или без бандажна лента, во зависност од производот, т.е. Fugenfuller или Uniflott). Оставете да се исуши и лесно избрусете. По нанесувањето и на вториот слој од материјалот на спојот, оставете и тој да се исуши и повторно избрусете го. По исполната на главите на видливите шрафови, површината е спремна за нанесување на Super Finish. Тој се нанесува во оптимални три слоеви и се обработува до совршено мазна површина.
Слични производи во Глет маси
СитеВиди ги сите

Прашкаст производ · Глет маса за исполнување на нерамни ѕидови · На база на гипс · Висока издашност · Низок процент на собирање при сушење · Брзо сушење…


Глет маса за внатрешна употреба, на база на вар. Потрошувачка: ca. 1,0kg/m2 по милиметар Се извлекува на нула Исклучително лесно се обработува Одлично…


Внатрешна прашкаста маса за израмнување · Прашкаста маса за рачно и машинско фино израмнување на внатрешни ѕидни и тавански површини. Соодветна е за подлоги од…


Подрачје на употрба · Jubolin Classic е дисперзна пастозна тенкослојна маса за многу фино израмнување и измазнување на внатрешни ѕидни и тавански површини. Се…


Подрачје на употрба · Jubolin Classic е дисперзна пастозна тенкослојна маса за многу фино израмнување и измазнување на внатрешни ѕидни и тавански површини. Се…


Knauf Fill & Finish е готова мешавина за завршна обработка на гипс-картон, која главно се користи за фугирање на гипсени плочи. Наменета е за пополнување на…

