Камена Волна 30kg. 5cm. FIBRANgeo B030
- ✓ Достава низ Македонија: 200 ден. · бесплатно над 3.000 ден. · услови
- ✓ Подигање во продавница во Битола: бесплатно
- ✓ Прашај: +389 71 375 290
Опис
FIBRANgeo B-030 флексибилна изолациска плоча од камена волна е природен, неоргански влакнест производ кој индустриски се произведува од стопена карпа што се претвора во влакна, во согласност со европскиот стандард EN 13162 (Топлинско-изолациски производи за градежништво – фабрички произведени производи од минерална волна (MW)).
Плочите се наменети за топлинска изолација, пожарна отпорност и звучна изолација:
Изолација на празнини кај вертикални елементи, како што се:
• Внатрешна изолација на ѕидови (сува градба со сите типови плочи, дрвени конструкции, метални или гипсени панели и сл.)
Изолација на празнини кај хоризонтални елементи, како што се:
• Плафони од сува градба, спуштени плафони без перфорации
• Поткровни тавани
• Помеѓу дрвени греди на подови
• Надворешна изолација на пилотис конструкции со обложување од сува градба



