Спојка за славина 3/4" и 1" месинг Neo Tools
- ✓ Достава низ Македонија: 200 ден. · бесплатно над 3.000 ден. · услови
- ✓ Подигање во продавница во Битола: бесплатно
- ✓ Прашај: +389 71 375 290
Спојка од месинг за славина со навој 3/4" и 1" – се навртува на чешмата и овозможува градинарското црево со брза спојка да се закачи со клик.
Опис
Спојката за славина 3/4" и 1" Neo Tools е месингана спојка што се навртува на чешма во двор или бавча и на неа со клик се закачува градинарско црево со брза спојка. Направена е за славини со навој 3/4" и 1", па одговара на поголемиот дел надворешни чешми без дополнителни редукции. Месингот не пука на мраз и не се крши при стегање како пластичните спојки.
Предности
- Два навои: 3/4" и 1" – една спојка за двете најчести димензии на чешма во двор, без барање редукција
- Месинг – цврсто се стега со рака и останува на чешмата со години, не 'рѓосува и не пука од сонце и мраз
- Брзо приклучување на црево – цревото со брза спојка се закачува и откачува со една рака
- Должина 42 mm, тежина 80 g – компактна, не штрчи од чешмата
- Стандарден клик-систем – работи со вообичаените брзи спојки за црево
Намена
- надворешни чешми во двор, бавча и гаража
- брзо приклучување на црево за полевање и миење кола
- замена на пукната пластична спојка за славина
- викендици и лозја со чешма со навој 3/4" или 1"
Често прашувано
Како да знам кој навој е мојата чешма?
Најчесто надворешните чешми се со навој 3/4" или 1" – оваа спојка ги покрива и двата, па не мора да мерите.
Дали треба тефлон или кудела?
Спојката се стега со рака; ако на чешмата нема гумен дихтунг, можете да ставите неколку намотки тефлонска лента за да нема капење.
Имам чешма со друга димензија?
Истата спојка ја има и во изведба 1/2" и 3/4".
Слични производи во Останато одвод
СитеВиди ги сите

Спојка од месинг за славина со навој 1/2" и 3/4" – се навртува на чешмата и овозможува градинарското црево со брза спојка да се закачи со клик.





