Стегачи за пружини на амортизер 300 mm 2 парчиња Neo Tools
- ✓ Достава низ Македонија: 200 ден. · бесплатно над 3.000 ден. · услови
- ✓ Подигање во продавница во Битола: бесплатно
- ✓ Прашај: +389 71 375 290
Сет од два ковани стегачи за спирални пружини на амортизери со навој 300 mm, 4 точки на фиксирање и погон 1/2" – за безбедна замена на амортизери.
Опис
Стегачите за пружини на амортизер 300 mm Neo Tools се сет од два ковани затегачи за безбедна демонтажа и монтажа на спирални пружини при менување амортизери. Наменети се за автомеханичари и сервиси, но ќе му послужат и на секој што сам си ја работи колата во гаража. Се ставаат по еден од секоја страна на пружината и се затегнуваат постепено додека пружината не се ослободи од чашката.
Предности
- Кована конструкција – ја издржува големата сила на стегнатата пружина без свиткување на куките, што е клучно за безбедноста при работа
- 4 точки на фиксирање – пружината се држи од двете страни и не се лизга при затегнување
- Навој 300 mm на централната завртка – доволен опсег за пружините на повеќето патнички возила
- Погон 1/2" – се затегнува со обична гедоре или рачка со четвртка 1/2", без посебен алат
- Сертификат TÜV M+T – конструкцијата е проверена за работа под оптоварување
- Вкупна должина 355 mm – компактни за чување во гаражна количка или кутија за алат
Намена
- замена на амортизери и спирални пружини на патнички возила
- работа во автосервис и вулканизерска работилница
- домашна гаража за сопствено одржување на возилото
Содржина на пакувањето
- 2 стегачи за пружини
Често прашувано
Со каков алат се затегнуваат стегачите?
Централната завртка има погон 1/2", па се врти со гедоре, рачка со чегртало или клуч со четвртка 1/2".
Дали се користат двата стегачи истовремено?
Да. Секогаш се поставуваат по еден од спротивните страни на пружината и се затегнуваат наизменично, за да биде стегањето рамномерно и безбедно.
Колку тежи сетот?
Двата стегачи заедно тежат 1,88 kg.
Слични производи во Авто програма
СитеВиди ги сите

Влечно јаже 14 mm за автомобили и товари до 2.000 kg, со должина 4 m и две куки со сигурносен затворач – основна опрема за багажникот на секое возило.


Кабли за стартување на возило со испразнет акумулатор, 400 A, пресек 12,5 mm² и должина 2,2 m, со изолирани клешти – погодни и за дизел мотори.
















