Гипс картон плоча Diamant 12,5 mm Knauf
Knauf

Гипс картон плоча Diamant 12,5 mm Knauf

Шифра: 990517 · Модел: Diamant · Единица: парче
1.180ден.
со ДДВ
Има залиха
парче

  • ✓ Достава низ Македонија: 200 ден. · бесплатно над 3.000 ден. · услови
  • ✓ Подигање во продавница во Битола: бесплатно
  • ✓ Прашај: +389 71 375 290

Гипс картон плоча Knauf Diamant 12,5 mm – тврда, импрегнирана и противпожарна плоча за училишта, болници, хотели и високи прегради со врвна звучна изолација.

Опис

Гипс картон плоча Diamant 12,5 mm Knauf е најцврстата плоча во Knauf програмата за сува градба. Произведена е од алфа-гипс со зголемена густина, па површината издржува удари, закачување и секојдневно тупкање каде обичната плоча би се оштетила. Истовремено јадрото е импрегнирано како кај H2 плоча и има висока противпожарност, па една плоча решава три барања одеднаш.

Предности

  • Двојно повисока површинска цврстина од DF плоча – според МКС EN 520, за ходници, училници и простории со многу движење
  • Импрегнирано јадро – може да се користи и во влажни простории како влагоотпорна плоча
  • Противпожарност до 180 минути во систем – за прегради со строги барања за пожарна заштита
  • Највисока звучна изолација во систем – тешкото јадро ја запира бучавата меѓу простории
  • Погодна за високи прегради – поголемата цврстина дозволува повисоки ѕидови на иста конструкција

Намена

  • Училишта, градинки, болници, хотели, банки и други јавни објекти
  • Високи преградни ѕидови и ходници
  • Ѕидови во бањи и кујни каде се бара и цврстина
  • Простории каде ќе се закачуваат тешки елементи на ѕид

Често прашувано

Со кои шрафови се монтира Diamant плоча?
Поради тврдото јадро се користи зацврстен шраф XTN 3,9x23 mm наместо обичен TN. Со обичен шраф главата тешко влегува во плочата.

Како се сече Diamant плоча?
Исто како другите плочи, со нож, но јадрото е погусто, па треба подлабок рез и посилно прекршување. За прецизни отвори помага пила за гипс картон.

Со што се фугираат споевите?
Со Uniflott, а во влажни простории со Uniflott imprägniert или Fugenfüller imprägniert и бандажна лента.

Слични производи во Гипс плочи

Сите
Гипс картон плоча A13 12,5 mm Knauf
Knauf
Гипс картон плоча A13 12,5 mm Knauf

Стандардна гипс картон плоча Knauf A13 12,5 mm за преградни ѕидови, спуштени тавани и ѕидни облоги – се монтира на CW/CD профили или се лепи со Perlfix.

486,00 ден. за парче
Има залиха

Гипс картон плоча F13 противпожарна 12,5 mm Knauf
Knauf
Гипс картон плоча F13 противпожарна 12,5 mm Knauf

Противпожарна гипс картон плоча F13 (тип DF) 12,5 mm од Knauf со јадро армирано со стаклени нишки и црвен картон, за ѕидови и тавани со барања за противпожарна…

730,00 ден. за табла
Има залиха

Гипс картон плоча H13 влагоотпорна 12,5 mm Knauf
Knauf
Гипс картон плоча H13 влагоотпорна 12,5 mm Knauf

Влагоотпорна гипс картон плоча H13 (тип H2) 12,5 mm од Knauf со импрегнирано јадро и зелен картон, за бањи, тоалети и кујни во сува градба.

660,00 ден. за парче
Има залиха